Руските борбени авиони реализираат интензивни напади на подрачјето Хандарат кај Алепо

Единствена цел на Русите е да ја преземат контролата над патот Кастило – Хандарат

490494
Руските борбени авиони реализираат интензивни напади на подрачјето Хандарат кај Алепо

Руските борбени авиони реализираат интензивни напади на подрачјето Хандарат кај Алепо кое претставува единствен излез за опозиционите сили.

Според локални извори, силите на Асад подрачјето го бомбардираат од копно со хаубици и топови, додека руските авиони го бомбардираа патот за Кастело.

Главниот уредник на Шехба прес во Алепо, Мамун Хатиб рече дека единствена цел на Русите е да ја преземат контролата над патот Кастило – Хандарат кој го користат силите на опозицијата и да обезбедат опсада на градот.

Силите на режимот со поддршка на руските авиони во последните денови вршат интензивно бомбардирање на подрачјето, рече Хатиб и додаде дека силите на Асад вчера заедно со Бригадата Ел Кудус, како и иранските и ирачките милицајци извршија напад на подрачјето. Силите на режимот се соочија со силен отпор на опозицијата и беа изложени на големи загуби поради што беа принудени да се повлечат од подрачјето.



Слични вести