Ерменската армија го бомбардираше селото Газјан во азербејџанскиот град Тертер

Ерменската армија во нападите употреби касетна бомба и гранати со бел фосфор

490546
Ерменската армија го бомбардираше селото Газјан во азербејџанскиот град Тертер

Ерменската армија со минофрлачки гранати го бомбардираше селото Газјан во азербејџанскиот град Тертер.

Според соопштението објавено од страна на Министерството за одбрана на Азербејџан, ерменската армија почнувајќи од 18.20 часот според локално време, селото Газјан во Тертер го бомбардираше со минофрлачки гранати со калибар од 120 мм.

Во соопштението беше истакнато дека и азербејџанската армија нанесе удар на спротивната страна и беше подвлечено дека во случај на слични провокации во иднина, одговорноста ќе припаѓа на ерменското воено и политичко раководство.

Во минатомесечниот напад на ерменската армија на азербејџанските цивилни населени места загинаа 6, а 26 цивили беа повредени.

Во нападите беа оштетени 445 станбени објекти, 5 училишта, 2 здравствени центри и 2 градинки.

Ерменската армија во нападите употреби касетна бомба и гранати со бел фосфор, кои се забранети согласно меѓународните договори.



Слични вести