Извршена смртната казна на лидерот на Џемаат-и Ислами во Бангладеш Низами

Големиот син на Низами, Накибур Рахман, истакна дека е извршена смртната казна на неговиот татко кој беше суден пред судот за воени злосторства формиран од страна на Владата на Бангладеш

488278
Извршена смртната казна на лидерот на Џемаат-и Ислами во Бангладеш Низами

Извршена смртната казна на лидерот на партијата Џемаат-и Ислам Мотиур Рахман Низами во Бангладеш.

Големиот син на Низами, Накибур Рахман, истакна дека е извршена смртната казна на неговиот татко кој беше суден пред судот за воени злосторства формиран од страна на Владата на Бангладеш.

Накибур Рахман ги повика приврзаниците на Џемаат-и Ислами на воздржаност.

Лидерот на партијата Џемаат-и Ислам Мотиур Рахман Низами за кого се наведува дека за време на борбата за независност на Бангладеш кога бил лидер на младинскиот огранок на Џемаат-и Ислами и давал поддршка на пакистанската армија, беше изнесен пред суд поради 16 обвинувања меѓу кои и за соработка со пакистанската армија и активности против цивилите.

Судот во 2014 година му изрече смртна казна на Низами.

Одлуката беше обжалена, меѓутоа Врховниот суд на Бангладеш ја потврди смртната пресуда на 6 јануари.

Бангладешкиот суд за воени злосторства претходно ги судеше и им изрече смртни казни и на лидерите на Џемаат-и Ислами Абдулкадир Молла, Мухаммед Камаруззаман и Али Ихсан Муџахид чии смртни казни исто така беа извршени. 



Слични вести