Францускиот Сенат го одобри продолжувањето за уште два месеци на вонредната состојба

На гласањето во Сенатот нацртот за продолжување на вонредната состојба во земјата за уште два месеци беше одобрен со 309 галса „за“ наспроти 30 гласа „против“

488439
Францускиот Сенат го одобри продолжувањето за уште два месеци на вонредната состојба

Францускиот Сенат го одобри продолжувањето за уште два месеци на вонредната состојба во земјата која што беше воведена по терористичките напади од 13 ноември во главниот град Париз.

Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев во говорот што го одржа пред генералното собрание на Горниот дом на францускиот парламент, Сенатот потсети дека Франција во периодот од 10 јуни до 10 јули ќе биде домаќин на Европското фудбалско првенство.

Притоа Казнев напомена дека земајќи ја во предвид и терористичката закана против земјата пред оваа значајна меѓународна организација во име на Владата се бара вонредната состојба да биде продолжена за уште два месеци.

На гласањето во Сенатот нацртот за продолжување на вонредната состојба беше одобрен со 309 галса „за“ наспроти 30 гласа „против“.

Во серијата терористички напади кои што беа реализирани на 13 ноември на 6 одделни места во францускиот главен град Париз животот го загубија 130 лица, а 250 лица беа повредени.



Слични вести