Францускиот премиер Валс од 21 до 24 мај ќе ги посети Израел и Палестина

Францускиот премиер Валс во Израел и Палестина ќе разговара со функционерите на двете земји, а со цел да се овозможи повторно започнување на блискоисточните мировни преговори

489014
Францускиот премиер Валс од 21 до 24 мај ќе ги посети Израел и Палестина

Францускиот премиер Мануел Валс од 21 до 24 мај ќе престојува во посета на Израел и Палестина.

Во објавеното соопштение од француската влада се истакнува дека премиерот Валс ќе ги посети Израел и Палестина каде што ќе разговара со функционерите на двете земји, а со цел да се овозможи повторно започнување на блискоисточните мировни преговори.

Франција за да би можела да ја подготви основата за повторно започнување на блискоисточните мировни преговори на 30 мај ќе организира меѓународна конференција во Париз на министерско ниво. 

На оваа конференција на која нема да учествуваат израелската и палестинската страна се очекува да учествуваат министри на приближно 20 земји.

Блискоисточните мировни преговори во април 2014 година беа суспендирани откако израелската страна и покрај претходно даденото ветување го спречи ослободувањето на група палестински затвореници.

Палестина ја поддржува иницијативата на Франција за повторно започнување на мировните преговори, додека Израел се спротивставува на истата.



Слични вести