Француската влада за донесување на новиот закон за работни односи го заобиколи Парламентот

Францускиот премиер Мануел Валс откако дури и внатре во неговата сопствена партија почнаа да се креваат гласови против новиот закон за работни односи спасот го најде во донесување на владина одлука со сила на закон заобиколувајќи го Парламентот

488874
Француската влада за донесување на новиот закон за работни односи го заобиколи Парламентот

Француската влада за донесување на новиот закон за работни односи одлучи да го заобиколи Парламентот и „на сила“ да го протурка овој закон кој наидува на силни реакции кај граѓаните на оваа земја.

Францускиот премиер Мануел Валс откако дури и внатре во неговата сопствена партија почнаа да се креваат гласови против овој закон спасот го најде во донесување на владина одлука со сила на закон.

И покрај протестите кои што продолжуваат неколку недели француската влада новиот закон за работни односи со кој што се олеснува отпуштањето од работа ќе го стави во примена со заобиколување на Парламентот.

На тој начин премиерот Валс има за цел да го намали процентот на невработеноста во земјата. 

Францускиот претседател Франсоа Оланд кон кого поддршката на француските граѓани од денот на неговиот избор за шеф на државата во 2012 година досега е сведена на најмал степен, истакна дека доколку невработеноста во земјата биде намалена на испод 10-отсто ќе се кандидира повторно на претседателските избори кои што ќе се одржат идната година.



Слични вести