Протести на опозицијата во Кенија против Изборната комисија и власта

Демонстрантите кои излегоа на улиците на главниот град Најроби ги повикаа членовите на Изборната комисија на оставка

487823
Протести на опозицијата во Кенија против Изборната комисија и власта

Во источноафриканската држава Кенија каде што идната година ќе се одржат претседателски избори опозиционерите кои тврдат дека Изборната комисија е под влијание на власта излегоа на улиците и протестираа во главниот град Најроби.

Демонстрантите ги повикаа членовите на Изборната комисија на оставка.

Притоа дојде и до судири помеѓу безбедносните сили и демонстрантите кои тврдат дека Изборната комисија ја изгуби својата неутралност.

Кениската полиција ги растера демонстрантите со солзавец и водени топови.

Протестите беа поддржани и од страна на опозиционите политичари под водство на поранешниот кениски премиер Раила Одинга.

Во немирите до кои што дојде во Кенија во 2007 година поради тврдењата дека имало измама и нерегуларности на одржаните избори животот го загубија стотици лица, а 600 илјади лица беа принудени да ги напуштат своите домови.

На претседателскиот престол во Кенија сеуште седи Ухуру Кенјата, кој инаку е син на првиот претседател на оваа источноафриканска држава Џомо Кенјата.



Слични вести