Обама одржа состанок на Советот за национална безбедност посветен на борбата против ДЕАШ

На состанокот со Советот за национална безбедност американскиот претседател Обама беше информиран во врска со операциите кои што се реализираат против терористичката организација ДЕАШ во Ирак и Сирија

488345
Обама одржа состанок на Советот за национална безбедност посветен на борбата против ДЕАШ

Американскиот претседател Барак Обама го свика Советот за национална безбедност за разгледување на борбата против терористичката организација ДЕАШ.

Портпаролот на Блата куќа Џош Ернест на редовната дневна конференција за претставниците на печатот информираше во врска со состанокот на претседателот Барак Обама со Советот за национална безбедност.

Притоа привлекувајќи внимание дека состанокот е дел од состаноците на Советот за национална безбедност кои што се одржуваат во последните месеци и истакна дека на истиот учествуваа функционери на американската Централна разузнавачка служба ЦИА, државниот секретаријат и секретаријатот за одбрана.

Велејќи дека на состанокот американскиот претседател Обама беше информиран во врска со операциите кои што се реализираат против терористичката организација ДЕАШ во Ирак и Сирија, портпаролот на Блата куќа Џош Ернест  рече: „Претседателот и неговата екипа разговараа за опциите во врска со процесот на транзиција за изнаоѓање политичко решение во Сирија.



Слични вести