Напад со нож во Минхен-Германија: Едно лице загина, а тројца се повредени

27-годишен германски државјанин реализира напад со нож на железничката станица во градчето Графинг во близина на градот Минхен во кој животот го загуби едно лице, а три лица беа повредени

488264
Напад со нож во Минхен-Германија: Едно лице загина, а тројца се повредени

Во напад со нож на железничката станица во градчето Графинг во близина на градот Минхен животот го загуби едно лице, а три лица беа повредени.

Германски функционери истакнаа дека напаѓачот бил неутрализиран и уапсен.

Надлежни стојат на можноста нападот да е извршен со политички мотиви.

Одделот за јавна безбедност на покраината Баварија покрена истрага од широк обем во врска со случајот.



Слични вести