Демант од Европската Комисија: Немаме план „Б“ за илегалните мигранти

Европската комисија истакна дека Брисел нема план „Б“ во врска со постигнатиот договор со Турција по прашањето на илегалните бегалци

488230
Демант од Европската Комисија: Немаме план „Б“ за илегалните мигранти

Европската комисија ги демантираше тврдењата околу тоа дека доколку се расипе постигнатиот договор во март меѓу Турција и ЕУ се подготвува нов план кој што предвидува задржување на илегалните мигранти на грчките острови.

Заменик-портпаролот на Европската комисија Александер Винтерштајн на едно поставено прашање на редовната дневна конференција за печатот по ова прашање рече: „Немаме план ’Б’, имаме само план ’А’.“

Заменик-портпаролот воедно истакна дека ЕУ ќе продолжи да работи со Анкара по прашањето на визната либерализација за турските граѓани.

На едно прашање дали по изјавата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган околу тоа дека нема да се направи измена во дефинирањето на тероризмот ќе заврши или ќе продолжи процесот на визна либерализација за Турција, заменик-портпаролот на Европската комисија Александер Винтерштајн рече: „Имаме постигнато договор со турската Влада. Постои ветување дадено од страна на турската Влада и ќе продолжиме да работиме со турската Влада.“

Европската комисија на 4 мај донесе одлука со препорака која предвидува безвизно патување за турските граѓани во земјите од Шенген зоната, меѓутоа за укинување на визите беше истакнато дека Турција треба да ги исполни и останатите 5 од вкупно 72 критериуми кои што и беа поставени како услов.



Слични вести