Дождот го запре ширењето на пожарот во покраината Алберта во Канада

Дождот кој што заврна го запре и ширењето на пожарот кој што веќе една недела како беснее во градот Форт МакМери во покраината Алберта во Канада

487073
Дождот го запре ширењето на пожарот во покраината Алберта во Канада

Поради дождот кој што заврна почна да запира и ширењето на пожарот кој што избувна пред една недела во покраината Алберта во Канада.

Надлежни истакнуваат дека поради дождот кој што почна да врне и падот на температурите пламените јазици се сопрени во границите на градот Форт МакМери.

Поради пожарот кој што започна пред една недела и за кој се уште не е познато зошто избувнал 20-отсто од градот Форт МакМери е евакуиран.

Тоа пак значи дека поради пожарот приближно 100 илјади лица беа принудени да ги напуштат своите домови.

Гаснењето на пожарот кој што опустоши приближно 200 илјади хектари шумски површини пак се стравува дека би можело да трае дури неколку месеци.



Слични вести