Австрискиот премиер Вернер Фајман поднесе оставка

Австрискиот премиер Вернер Фајман по состанокот на покраинските претседатели на Социјалдемократската партија во Виена истакна дека поднесува оставка на сите државни и партиски функции

487474
Австрискиот премиер Вернер Фајман поднесе оставка

Австрискиот премиер Вернер Фајман откако ја изгуби поддршката во Социјалдемократската арптија (СПО) поднесе оставка.

Фајман во дадената изјава по состанокот на покраинските претседатели на Социјалдемократската партија во Виена истакна дека поднесува оставка на сите државни и партиски функции.

Велејќи дека се повлекува од функцијата претседател на Социјалдемократската апртија (СПО) и од премиерската функција, Вернер Фајман рече: „Оваа земја има потреба од премиер кој до крај ќе ја добива поддршката на својата партија.“

Во првиот круг од претседателските избори кој беше одржан во Австрија минатиот месец кандидатот на екстремно десничарската Слободарска партија Норберт Хофер освои најголем број гласови.

Поради успехот што го постигна Норберт Хофер, кандидатот на партијата против мигрантите и ЕУ се зголемија и критиките против лидерот на централната левичарска Социјалдемократска партија и актуелен австриски премиер Вернер Фајман.

Фајман беше обвинуван за тоа дека не вложува доволно напори за спречување на растот на екстремната десница.



Слични вести