На локалните избори во Лондон победи кандидатот на Работничката партија Садик Кан

Кан освои 1 милион 310 илјади 143 гласови, додека ривалот Голдсмит 994 илјади 614 гласови

486048
На локалните избори во Лондон победи кандидатот на Работничката партија Садик Кан

На локалните избори во Лондон победи кандидатот на Работничката партија Садик Кан. Инаку Кан е првиот градоначалник на Лондон од муслиманско потекло.

По двата мандата на Борис Џонсон од турско потекло, граѓаните на Лондон во четврток гласаа за новиот градоначалник на градот.

На трката за избор на градоначалник која помина меѓу Садик Кан и кандидатот на владејачката Конзервативна партија Зак Голдсмит, Кан освои 1 милион 310 илјади 143 гласови, додека ривалот Голдсмит 994 илјади 614 гласови.

Кан освои 56,8 отсто од гласовите и го оконча 8 годишното владеење на Конзервативната партија со Лондон. Во изјавата за печатот по објавувањето на резултатите Кан на граѓаните на Лондон им даде ветување за изградба на станбени објекти, работа и чист воздух.

Претседателот на Работничката партија Џереми Корбин на новоизбраниот градоначалник Кан преку социјалните медиуми му честита за победата и во пораката му напиша:

Честитки, Со бетпрение го очекувам денот кога ќе почнеме да работиме и формирање град во кој сите ќе бидат еднакви.



Слични вести