Повик до светските лидери да учествуваат на Светскиот хуманитарен самит во Истанбул

Координаторите на канцелариите на ОН за хуманитарна помош на Блискиот исток и Северна Африка ги повикаа сите глобални лидери да учествуваат на Светскиот хуманитарен самит што ќе се одржи на 23 и 24 мај во Истанбул

485408
Повик до светските лидери да учествуваат на Светскиот хуманитарен самит во Истанбул

Координаторите на канцелариите на ОН за хуманитарна помош на Блискиот исток и Северна Африка објавија заедничко соопштение во кое ги повикаа сите глобални лидери да учествуваат на Светскиот хуманитарен самит што ќе се одржи на 23 и 24 мај во Истанбул.

Координаторите на канцелариите на ОН за хуманитарна помош во Ирак, Сирија, Јордан, Либан, Јемен, Палестина и Либија побараа од сите светски лидери да ги слушнат од прва рака присутните проблеми на Блискиот исток и Северна Африка и да преземат ефикасни мерки против овие проблеми.

Во заедничкото соопштение се нагласува дека глобалните лидери треба да ги исполнат своите одговорности и да изнајдат политичко решение за проблемите со тоа што ќе се стави крај на крвопролевањето и на болките кои што се доживуваат во овие делови на светот.

Во соопштението се вели дека на Блискиот исток и Северна Африка 55 милиони луѓе имаат потреба од хуманитарна помош и се укажува на тоа дека да се стави крај на болките и страдањата на овие луе, да се одбране нивното достоинство и да им се достави неопходната хуманитарна помош е во одговорност на секого.

На Светскиот хуманитарен самит што ќе се одржи на 23 и 24 мај во Истанбул се очекува да учествуваат приближно 6 илјади поканети гости меѓу кои се наоѓаат високи претставници на земјите членки, граѓански организации, приватниот сектор и креатори на јавното мислење.



Слични вести