На жителите на Форт МакМери први на помош им отрчаа муслиманите во Канада и сириските бегалци

На жителите на градот МакМери кои изгубија се што имаа во пожарот и беа евакуирани први на помош им отрчаа муслиманите во Канада и сириските бегалци

485119
На жителите на Форт МакМери први на помош им отрчаа муслиманите во Канада и сириските бегалци

Жителите на градот Форт МакМери во Канада кои поради шумскиот пожар кој што никако не може да се стави под контрола беа евакуирани се наоѓаат во тешка состојба.

Оние кои им ја подадоа раката за помош на жителите на градот пак беа муслиманите во Канада и сириските бегалци кои беа донесени во земјата.

Поради шумскиот пожар што ја зафати покраината Алберта се евакуирани приближно 100 илјади лица.  

За помош на оштетените Канаѓани преминаа во акција сириските бегалци кои пред извесно време беа донесени во земјата и Исламската фондација за помош.

25 илјади сириски бегалци и Исламската фондација за помош велејќи „Сега сме на ред ние“ почнаа да собираат помош за жителите на Форт МакМери кои во пожарот изгубија се што имаа и беа евакуирани.

Во меѓувреме канадскиот премиер Џастин Трудо истакна дека за секој 1 долар помош што ќе им се достави на жителите на Форт МакМери со посредство на Организацијата на Црвениот крст на Канада ќе биде додаден по 1 долар и од федералниот буџет. 

Од друга страна додека непрестано продолжуваат работите за ставање под контрола на шумскиот пожар кој што продолжува во областа површината која што изгоре за која што вчера се велеше дека изнесува 10 илјади хектари е зголемена на 90 илјади хектари.

Во несреќите пак кои што беа доживеани за време на работите за евакуација од областа животот го загубија две лица.



Слични вести