Русија и САД постигнаа согласност за постигнување примирје во Алепо

Од стапувањето на сила на постигнатото примирје покрај тоа што повремено се забележуваат судири во некои подрачја, претежно страните се придржуваат кон примирјето

484407
Русија и САД постигнаа согласност за постигнување примирје во Алепо

Американскиот Стејт департмент соопшти дека САД постигна согласност со Москва постигнатото примирје да го опфати и Алепо.

Постигнатиот договор стапи на сила синоќа на полноќ според времето на Дамаск.

Во соопштението беше истакнато дека од стапувањето на сила на постигнатото примирје покрај тоа што повремено се забележуваат судири во некои подрачја, претежно страните се придржуваат кон примирјето.

Во соопштението меѓудругото беше истакнато дека целта е да се постигне примирје во целата земја со кое ќе прекинат судирите наместо локално примирје поради што беше упатен повик до сите страни за почитување на обновениот договор.

САД е во координација со Русија за одрлживи следење на обновените судири, а од Москва, во својство на копретседател на Меѓународната  група за поддршка на Сирија побаравме да изврши притисок врз страните во врска со прашањето.



Слични вести