Не е остварлив политичкиот процес со Асад

Се додека Асад се наоѓа на власт во Сирија нема да престане тероризмот и екстремизмот

484619
Не е остварлив политичкиот процес со Асад

Ријад Хиџаб, претседателот на Високиот преговарачки комитет на сириските опозициони групи рече дека не е остварлив политичкиот процес со Асад.

Во изјавата во Германија каде што се одржуваат преговорите во врска со граѓанската војна во Сирија, Ријад Хиџаб рече дека се додека Асад се наоѓа на власт во Сирија нема да престане тероризмот и екстремизмот, а исто така нема да се решат проблемите и тешкотиите со кои се соочуваат соседните земји како последица на граѓанската војна во Сирија.

Во рамките на посетата на Берлин, Хиџаб се состана со германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер, францускиот министер за надворешни работи Жан-Марк Ајро, специјалниот претставник на ОН за Сирија Стефан де Мистура како и низа високи претставници на Англија и ЕУ.

На средбите беа разгледани можностите за надминување на тешкотиите во врска со условите за продолжување на мировните преговори за Сирија во Женева, намалување на стапката на насилствата и подобрување на хуманитарната состојба.

Германскиот министер за надворешни работи Штајнмаер во својство на земја домаќин на преговорите рече дека остро ги осудуваат нападите во Алепо и потенцираше:

Или повторно ќе продолжиме со преговорите кои започнаа во Виена и продолжија во Минхен, или ќе бидеме изложени на ризикот за зголемување на насилствата и продолжување на граѓанската војна во Сирија.

Германскиот министер додаде дека преговорите поминаа доста позитивно и корисно, потенцирајќи дека е тешко да се најде решение на граѓанската војна во Сирија која трае веќе пет години. Затоа не треба да се откажеме од политичките преговори, треба што повеќе да се фокусираме на истите и дека главна пречка на тој пат е насилството кое се разгорува во Алепо.

Францускиот министер за надворешни работи Ајро, случувањата во Алепо ги оцени за ужасна трагедија

Ајро упати повик до Вашингтон и Москва за постигнување консензус за окончување на насилството во Сирија.



Слични вести