Азербејџанската армија ќе регрутира доброволни војници со договор

Азеребејџанското министерство за одбрана истакна дека пријавените кандидати кои ќе го положат подготвителниот курс ќе бидат примени како доброволни војници во армијата со договор

485094
Азербејџанската армија ќе регрутира доброволни војници со договор

Азербејџанската армија ќе регрутира доброволни војници со договор.

Во објавеното соопштение од азербејџанското министерство за одбрана се истакнува дека лицата кои го отслужиле воениот рок и кои сакаат да продолжат да работат како доброволни војници во армијата можат да се пријават до своите воени единици во кои служат војска или во Центарот за обука на Вооружените сили.

Во соопштението се вели дека досега се пријавиле голем број лица за да бидат примени на задача во армијата, дека за лицата од 19 до 40 годишна возраст ќе се одржи испит и дека оние кои успешно ќе го положат подготвителниот курс ќе бидат примени како доброволни војници во армијата со договор.

По жестоките судири кои што беа водени минатиот месец помеѓу Азербејџан и Ерменија голем број Азербејџанци се пријавија за служење војска во армијата како доброволци.



Слични вести