Арапската лига ги осуди нападите на Асадовиот режим врз цивилите во Алепо

Заменик генералниот секретар на Арапската лига Ахмед бин Хилу истакна дека се осудува ѕверството кое што се врши од страна на сирискиот режим врз цивилното население во Алепо

484402
Арапската лига ги осуди нападите на Асадовиот режим врз цивилите во Алепо

Арапската лига ги осуди нападите на силите на Асадовиот режим врз цивилното население градот Алепо и околината во Сирија.

На повик на Катар Арапската лига одржа вонреден состанок.

Состанокот се одржа под претседателство на Бахреин, а учествуваше и генералниот секретар на Арапската лига Небил ал-Араби. 

Заменик генералниот секретар на Арапската лига Ахмед бин Хилу по состанокот одржа конференција за претставниците на печатот на која истакна дека се осудува ѕверството кое што се врши од страна на сирискиот режим врз цивилното население во Алепо.

Нагласувајќи дека нападите се во спротивност со меѓународните договори, Хилу рече: „Го повикуваме Советот за безбедност на ОН да премине во акција за итно стопирање на нападите на Асадовиот режим врз сите територии на Сирија и да ги донесе неопходните одлуки.“

Заменик генералниот секретар на Арапската лига Ахмед бин Хилу ја повика меѓународната заедница да ги преземе неопходните чекори и по прашањето на изнесување пред меѓународен суд на страните кои учествуваат во нападите.



Слични вести