Во последниот период во Ирак извршени 477 прекршоци против новинарите

Терористичката организација ДЕАШ во Мосул убила 5, додека во Багдад и Басра од страна на непознати лица биле убиени 4 новинари

484002
Во последниот период во Ирак извршени 477 прекршоци против новинарите

Во последниот период во Ирак беа извршени 477 прекршоци против новинарите од кои 9 завршија со убиство.

Во извештајот на Групата за набљудување на слободите на новинарите во Ирак која е партнер на Организацијата „Репортери без граници“ беше истакнато дека од 2003 година наваму биле убиени 294 новинари и дека растат прекршувањата на конфликтните страни врз новинарите.

Во извештајот се истакнува дека терористичката организација ДЕАШ во Мосул убила 5, додека во Багдад и Басра од страна на непознати лица биле убиени 4 новинари.

Во извештајот се истакнува дека ирачкиот премиер Хајдар Ал Ибади издал наредба за укинување на военото старателство врз новинарите, но дека и покрај тоа, новинарите кои се соочуваат со големи тешкотии при добивањето на потребните дозволи од полицијата и комплексните процедури, не можат слободно да снимаат или информираат.

Во извештајот се истакнува дека Советот за печат и комуникации лошо се однесува кон претставниците на домашните и странските ТВ канали и дека Советот сакал да ги затвори сателитските канали Ал Багдадије и Ал Џезира.



Слични вести