Тексашкиот сенатор Тед Круз се повлече од претседателската трка

Милијардерот Доналд Трамп се приближи чекор поблиску до номинирањето за кандидат

483954
Тексашкиот сенатор Тед Круз се повлече од претседателската трка

Тексашкиот сенатор Тед Круз изјави дека се повлекува од претседателската трка на која излезе да биде номиниран за кандидат за претседател од редовите на Републиканската партија.

Со повлекувањето на Круз, ривалот милијардерот Доналд Трамп се приближи чекор поблиску до номинирањето за кандидат.

На прелиминарните избори што се одржаа во Индијана, Круз беше поразен од Трамп, поради што изјави дека ја завршува кампањата.

Сенаторот Круз по изборите излезе пред гласачите и им се заблагодари на сите оние кои што го поддржуваа.

Претходно имав кажано дека се додека постои надеж за победа, јас ќе продолжам со трката. Но вечерва за жал сум принуден да кажам дека овој пат се затвори. Направивме се што е во наша можност, но гласачите избраа друг пат.

Иако ми е жал, морам да кажам дека за подобра иднина на земјата ја прекинуваме кампањата, рече Круз.

Доналд Трамп на прелиминарните избори во Индијана освои 53 насто од гласовите, додека круз 37 отсто.

Третиот кандидат на Републиканците, гувернерот на Охајо Џон Касич освои само 7 отсто од гласовите.

По поразот на Круз што го доживеа и повлекувањето од натамошната кампања, се отвори патот на Доналд Трамп.

По изјавата на Круз дека се повлекува од трката, Трамп во говорот во Њујорк упати пофални зборови на сметка на противниците и рече: Не знам дали ме сака, ама навистина беше извонреден противник.

Претседателот на Републиканската партија Реинс Приебус во пораката преку профилот на Твитер рече дека по се изгледа дека Доналд Трамп ќе биде кандидатот на републиканската партија на претстојните претседателски избори. Сите треба да се обединиме и да се фокусираме да ја победиме Хилари Клинтон.

Трамп на прелиминарните избори на претседателската трка помина над 10 противници во Републиканската партија. Меѓу нив се наоѓаат претенциозните кандидати како што се Џеб Буш, Бен Карсон и Марко Рубио.

Хилари Клинтон од редовите на Демократската партија беше поразена на изборите во Индијана против Берни Сандерс.

На изборите кои поминаа во голема конкуренција, Сандерс освои 53 насто од гласовите, додека Клинтон 46.



Слични вести