Велика Британија го повика СБ на ОН на итен состанок посветен на Алепо

Постојаниот претставник на Велика Британија во ОН Метју Рајкрофт истакна дека неговата земја го повикува Советот за безбедност на ОН на итен состанок за разгледување на состојбата во Алепо

483636
Велика Британија го повика СБ на ОН на итен состанок посветен на Алепо

Велика Британија го повика Советот за безбедност на ОН на итен состанок за разгледување на состојбата во градот Алепо кој се наоѓа на мета на силите на Асадовиот режим и руските воени авиони.

Постојаниот претставник на Велика Британија во ОН Метју Рајкрофт во говорот што го одржа во Советот рече: „Алепо гори и гинат цивили. Затоа го повикуваме Советот за безбедност на ОН на итен состанок за разгледување на состојбата во Алепо.“

Рајкрофт исто така истакна дека неговата земја посакува да се одржи отворен состанок и генералниот секретар на ОН да го информира Советот за безбедност во врска со последната состојба во градот Алепо и околината.

Франција, САД и Украина исто така истакнаа дека го поддржуваат ова барање на Велика Британија.

Претседателството на Советот за безбедност на ОН засега не објави соопштение во врска со тоа кога ќе се одржи состанокот.



Слични вести