Повик од Бан Ки-мун за проширување на договорот за прекин на огнот во Сирија и во Алепо

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун ги повика сите завојувани страни во Сирија да се вратат назад кон договорот за стопирање на судирите и за одбрана на цивилите

482860
Повик од Бан Ки-мун за проширување на договорот за прекин на огнот во Сирија и во Алепо

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун упати повик за проширување на договорот за стопирање на судирите и во другите делови на Сирија на чело со градот Алепо и околината.

Според објавеното соопштение од кабинетот на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун изразил голема загриженост од опасното засилување на судирите во градот Алепо и околината и од цивилните загуби и разурнувањата.

Упатувајќи повик до сите завојувани страни во Сирија за враќање назад кон договорот за стопирање на судирите и за одбрана на цивилите, Бан Ки-мун побара применувањето за стопирање на судирите кое што за привремено се спроведува во подрачјата на главниот град Дамаск и градот Латакија да биде проширено и на другите делови во Сирија, а поготово под итно во градот Алепо и околината.

Бан Ки-мун ги повика сите регионални и меѓународни актери на чело со САД и Русија како и копретседателите на Групата за поддршка на Сирија да дадат поддршка на стоприрањето на судирите.

Освен тоа генералниот секретар на ОН бан Ки-мун предупреди дека целосното прекршување на договорот за стопирање на судирите ќе доведе до поголеми разрушувања и човечки загуби. 



Слични вести