Кејт Бланшет стана амбасадорка на добра волја на УНХЦР

Во објавеното соопштение од Високиот комесаријат на ОН  (УНХЦР) се истакнува дека Кејт Бланшет ги посети и разговараше со сириските бегалци во Јордан каде што беше сведок на нивните тешкотии со кои се соочуваат

483172
Кејт Бланшет стана амбасадорка на добра волја на УНХЦР

Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) ја назначи холвидуската ѕвезда добитничка и на Оскар Кејт Бланшет за амбасадорка на добра волја.

Во објавеното соопштение од Високиот комесаријат на ОН  (УНХЦР) се истакнува дека Кејт Бланшет ги посети и разговараше со сириските бегалци во Јордан каде што беше сведок на нивните тешкотии со кои се соочуваат.

Во соопштението воедно им се одделува место на следните зборови на Бланшет: „Горда сум од преземањето на оваа задача. Не може да постои позначајно време од ова за да се биде покрај бегалците и да се покаже солидарност со нив. Се наоѓаме во една досега невидена криза  и оваа одговорност треба да се сподели од страна на целиот свет. Во моментов се наоѓаме на раскрсница; Дали ќе го избереме патот на милоста и сочувството или патот на нетолеранцијата? Јас како мајка сакам моите деца да го изберат патот на милоста и сочувството, бидејќи на тој пат има поголеми прилики, поголем оптимизам и поголемо решение.“



Слични вести