По половина век првиот американски крузер пристигна во Куба

Американскиот туристички брод за крстарење кој што отплови од Мајами пристигна во кубанскиот главен град Хавана

482841
По половина век првиот американски крузер пристигна во Куба

После приближно половина век реализирано првото поморско патување од САД за Куба.

Американскиот туристички брод за крстарење кој што отплови од Мајами пристигна во кубанскиот главен град Хавана.

Бродот со приближно 700 патници од страна на Кубанците беше пречекан со американски и кубански знамиња.

Поморските патувања помеѓу двете земји беа сопрени во 1960 година откако тогашната американска администрација воведе трговско ембарго против Куба.

Исто така беше забранет влезот по поморски пат во земјата за Кубанците кои живеат во САД.

Куба овој закон го укина пред една недела.



Слични вести