Илхам Алиев во обиколка на азербејџанско-ерменската фронтова линија

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев заедно со својата сопруга Михрибан Алиева беше во обиколка на градовите Тертер, Берде и Агдам на азербејџанско-ерменската фронтова линија

482163
Илхам Алиев во обиколка на азербејџанско-ерменската фронтова линија

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев заедно со својата сопруга Михрибан Алиева ги посети градовите Тертер, Берде и Агдам на азербејџанско-ерменската фронтова линија каде што направи увид на состојбата.

Претседателот Алиев ја посети воената единица во областа Тертер каде што од страна на министерот за одбрана Закир Хасанов беше информиран за последната состојба на фронтовата линија. 

Алиев исто така им додели подароци на некои војници кои покажаа херојство за време на минатомесечните вооружени судири.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев заедно со својата сопруга Михрибан Алиева ги посети и селата Капанли кај Тертер и Махризли кај Агдам каде што на 27 и 28 април беше отворен оган од тешко оружје од страна на ерменската армија.

Алиев ги прошета оштетените куќи во ерменските напади и разговараше со азербејџанските селани.

Притоа Алиев им издаде директива на надлежните за поправање во најскоро време на оштетените куќи.



Слични вести