За една недела во нападите во Алепо загинаа 250 цивили, а над 500 лица се повредени

Во реализираните напади врз Алепо од страна на руските воени авиони и силите на Асад во последната една недела животот го загубија 250 цивили, а најмалку 500 лица се повредени

482038
За една недела во нападите во Алепо загинаа 250 цивили, а над 500 лица се повредени

Руските воени авиони од воздух, а силите на режимот на Асад од копно продолжуваат со нападите за масакрирање на човештвото во градот Алепо во Сирија.

Во реализираните напади во последната една недела животот го загубија 250 цивили меѓу кои има и деца.

Руските воени авиони во последната една недела реализираа повеќе од 200 воздушни напади врз Алепо, а силите на Асадовиот режим извршија 18 ракетни напади од копно во кои освен 250 загинати цивили беа повредени и најмалку 500 лица меѓу кои и жени и деца.

Во објавеното соопштение од ОН состојбата во градот Алепо беше окарактеризирана како „катастрофална“.

Во меѓувреме растат и протестите против масакрирањето на цивилите во Алепо.

Група демонстранти кои се собраа во Либан одржаа протест против масакрот што се врши во Алепо.

Демонстрантите во своите раце носеа транспаренти на кои пишуваше „Алепо гори“, „Асад го пали Алепо“ и „Сопрете го бомбардирањето на цивилите“.

Нападите врз Алепо беа протестирани и пред Белата куќа во Вашингтон, во САД.

Десетици лица меѓу кои имаше и Американци по потекло од Сирија со сириски и американски знамиња во рацете се собраа пред Белата куќа.

Демонстрантите во своите раце носеа и транспаренти на кои пишуваше „Алепо гори, гориме ние“ и „Сирискиот народ не е сам“.

Во објавеното соопштение за печатот пак беа осудени нападите против цивилното население во Алепо и беше упатен повик до американскиот претседател Барак Обама и меѓународната заедница да не останат неми пред нападите.

Воздушните и копнените напади на руските воени авиони и сирискиот режим врз градот Алепо беа осудени и од страна на палестинското движење Хамас.



Слични вести