Соопштени конечните резултати од вториот круг од одржаните парламентарни избори во Иран

Во вториот круг од одржаните парламентарни избори од вкупно 68 пратенички места реформистите освоија 35, конзервативците 19 пратенички места, а 14 патенички места освоија независните кандидати

481822
Соопштени конечните резултати од вториот круг од одржаните парламентарни избори во Иран

Соопштени конечните резултати од вториот круг од одржаните парламентарни избори во Иран.

На изборите победа извојува коалицијата составена од умерените конзервативци и реформистите.

Во изборните единици во кои во првиот круг од одржаните парламентрани избори во февруари ниту еден од кандидатите не можеше да освои најмалку 25-отсто од гласовите на иранските бирачи, беше одржан втор круг од изборите.

На одржаните избори во 21-на од вкупно 31 провинција во земјата за 68 пратенички места во парламентот се натпреваруваа 136 кандидати.

Од 68-те пратенички места реформистите освоија 35, конзервативците 19 пратенички места, а 14 пратенички места освоија независните кандидати.

На тој начин реформистите со освоени 120 пратенички места го обезбедија мнозинството во иранскиот парламентот составен од вкупно 290 пратенички мандати.



Слични вести