Приврзаниците на Муктеда ес-Садр го напуштија парламентот

Приврзаниците на Муктеда ес-Садр го напуштија парламентот кој што запоседнаа за време на вчерашните протести

481733
Приврзаниците на Муктеда ес-Садр го напуштија парламентот

Во ирачкиот главен град Багдад завршија протестите на приврзаниците на шиитскиот лидер Миктеда ес-Садр кои бараат да се формира технократска влада.

Приврзаниците на Муктеда ес-Садр го испразнија парламентот каде што упаднаа и го запоседнаа за време на вчерашните протести.

Откако уште еднаш беше одложено разгледување на предлогот на премиерот Хајдар ал-Ибади доставен до парламентот за формирање нова Влада илјадници демонстранти излегоа на улиците во главниот  град Багдад.

Демонстрантите влегоа во силно обезбедуваната Зелена зона каде што се наоѓаат владините згради, парламентот и странските амбасади, упаднаа и го запоседнаа парламентот, нападнаа физички еден пратеник и причинија штета врз возилата и зградите.

Пратениците кои се наоѓаа во парламентот избегаа.

Во Зелената зона беа испратени специјални единици кои пак интервенираа врз демонстрантите.

Ирачките специјални единици само отворија предупредувачки оган во воздух за да ги спречат демонстрантите да се доближат до американската  амбасада и употребија солзавец.

Ирачките безбедносни сили го забранија влезот во главниот град Багдад.

Потоа по повикот на шиитскиот лидер Муктеда ес-Садр поголемиот дел од неговите приврзаници го напуштија парламентот.

Ирачкиот премиер Хајдар ал-Ибади истакна дека е воспоставена контролата во главниот град Багдад и побара од демонстрантите да реализираат мирољубиви протести и да не му нанесуваат штета на државниот имот.

Присутната политичка криза во Ирак се стравува дека ќе и наштети на борбата против терористичката организација ДЕАШ.

Пред упадот на приврзаниците на шиитскиот лидер Муктеда ес-Садр  во ирачкиот парламент беше реализиран бомбашки напад на еден пазар во квартот во кој живеат Шиити во главниот град Багдад во кој животот го загубија 21 лице.

Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација ДЕАШ.



Слични вести