Кери изрази длабока загриженост од нападите врз Алепо

Американскиот државен секретар Џон Кери во врска со растечкото насилство во градот Алепо во Сирија разговараше со специјалниот претставник на ОН за Сирија Стефан де Мистура и сириските опозиционери

481610
Кери изрази длабока загриженост од нападите врз Алепо

Режимот на Асад во Сирија спротивно на лагата околу тоа дека цел на нападите е фронтот Нусра ги убива невините луѓе во Алепо. 

Американскиот државен секретар Џон Кери во врска со растечкото насилство во градот Алепо во Сирија разговараше со специјалниот претставник на ОН за Сирија Стефан де Мистура и сириските опозиционери.

На разговорите Кери нагласи дека Асадовиот режим ги убива невините луѓе во Алепо и дека чувствува длабока загриженост пред влошувањето на состојбата во овој град.

Џон Кери истакна дека вложува напори договорот со прекинување на судирите да биде обновен со тоа што ќе го опфати и градот Алепо.

Од друга страна Арапската лига во среда ќе оствари вонредна седница на која ќе дискутира за нападите во градот Алепо во Сирија.

Вонредната седница која ќе се оствари на барање на Катар ќе се одржи во египетскиот главен град Каиро.

Во меѓувреме пред Белата куќа во Вашингтон беа одржани протести против воздушните напади на Асадовиот режим и риските воени авиони врз градот Алепо кои што веќе неколку дена се засилени.



Слични вести