Во воздушниот напад со барел бомби во Алепо загинаа 5 лица

Во нападот во претходниот ден на руските борбени авиони на полската болница Ерусалим во населбата Сукери загинаа 30 лица

481383
Во воздушниот напад со барел бомби во Алепо загинаа 5 лица

Во воздушниот напад на сирискиот режим со барел бомби на медицинскиот центар во населбата Бустан ал Каср во Алепо загинаа 5, а 25 лица беа повредени.

Повредените од подрачјето беа изнесени од страна на екипите за цивилна заштита.

Борбените авиони на армијата во текот на денот извршија бомбардирање на различни предели на градот.

Во текот на вчерашниот воздушни напади на сириските авиони во Алепо загинаа 11, а 35 лица беа повредени. Вчера во Алепо, Одборот за верски прашања на градот првпат објави декларација во која ги предупреди граѓаните да не одат на петочниот намаз поради интензивните бомбардирања во последните денови.

Во нападот во претходниот ден на руските борбени авиони на полската болница Ерусалим во населбата Сукери која се наоѓа во делот на Алепо под контрола на силите на опозицијата, загинаа 30 лица меѓу кои и едно дете, а 62 лица беа повредени.

Во меѓувреме, Министерството за надворешни работи на Турција остро го осуди нападот на болницата Ерусалим, најголемиот медицински центар за пораѓање и децата во Алепо.

Во писменото соопштение на МНР беше истакнато дека пред секоја рунда преговори во Женева во врска со транзициониот процес во Сирија, сирискиот режим и Русија ги интензивираат воздушните напади и свесно го попречуваат процесот.



Слични вести