Воздушните напади во Алепо гнасни и неморални тактики на режимот на Асад

САД остро ги осудува воздушните напади во последните 24 часа во Алепо

480922
Воздушните напади во Алепо гнасни и неморални тактики на режимот на Асад

САД ги осуди воздушните напади кои беа извршени во последните 24 часа врз позициите на опозицијата во Алепо во Сирија и истите ги оцени за гнасни и неморални тактики на режимот на Асад.

Портпаролот на Белата куќа Џош Ернст на секојдневната прес конференција одговараше на прашањата на новинарите и во врска со нападите на Алепо рече дека САД остро ги осудува воздушните напади во последните 24 часа во Алепо во кои загинаа над 60 лица.

Особено нападот врз една болница на организацијата Лекари без граници претставува голем ужас рече Ернст бидејќи во овој напад загинаа најмалку 14 пациенти и тројца лекари. Еден од лекарите беше последниот детски лекар во градот.

Минатата недела силите на режимот извршија низа напади на различни цели меѓу кои и цивилни, рече Ернст и потенцираше дека нападот на силите на режимот на Асад врз екипите за брза помош претставува пример за одвратност.

Силите на режимот за жал уште еднаш покажаа колку се ужасни и одвратни во своите немилосрдни намери, бидејќи во последните напади особено врз екипите за брза помош, загинаа најмалку 100 здравствени работници.

Овие тактики а силите на режимот се гнасни, валкани, неморални и за жал можеби привремено доста конзистентни., рече Ернст.



Слични вести