Хеликоптерската несреќа во градот Берген во западна

Во рамките на досегашните истражувања беа откриени посмртните остатоци на 11 лица во хеликоптерот

481123
Хеликоптерската несреќа во градот Берген во западна

Хеликоптерот во кој се наоѓаа најмалку 13 лица се сруши над островот Туроеј во западна Норвешка, во близината на градот Берген.

Во рамките на досегашните истражувања беа откриени посмртните остатоци на 11 лица во хеликоптерот на една нафтена компанија.

Според изјавите на очевидците, во областа се слушнала голема експлозија и остатоците на хеликоптерот биле видени на површината на морето.

Веднаш по несреќата сите екипи за спасување во областа преминаа во алармантна состојба и почнаа со активностите за пребарување. Властите истакнуваат дека приоритет е да ги спасат оние кои што најверојатно се наоѓаат во морето.

Хеликоптерот се срушил за време на враќање од една платформа во Северното море.



Слични вести