Во нападот на руските борбени авиони во населбата Сукери во Алепо загинаа 30

Меѓу загинатите и повредените има голем број жени, деца и здравствени работници

480306
Во нападот на руските борбени авиони во населбата Сукери во Алепо загинаа 30

Во нападот на руските борбени авиони на една полска болница во населбата Сукери во Алепо која се наоѓа под контрола на силите на опозицијата загинаа 30, а 62 лица беа повредени.

Меѓу загинатите и повредените има голем број жени, деца и здравствени работници. Екипите на цивилна одбрана се обидуваат да ги најдат преживеаните под урнатините на болницата која беше срушена од страна на руските борбени авиони.

Борбените авиони на Русија и режимот во Сирија особено во последната недела интензивно ги бомбардираат цивилните населени места во Алепо и околината.

Во вчерашниот напад на руските борбени авиони на центарот на екипите на цивилна одбрана во Етариб западно од Алепо загинаа 5 лица и беше предизвикана голема материјална штета.

Русија, со воздушните напади во Сирија почна на 30 септември 2015, а на 14 март усвои одлука за повлекување на дел од силите. Со стапувањето на сила на привременото и делумно примирје на ОН кое беше прогласено на 27 февруари, Русија во голема мера ги оконча воздушните напади. Но покрај постигнатото примирје, Туркмендаги, Идлиб, Хомс и Алепо повремено се мета на руските воздушни напади.



Слични вести