76 противници на воениот удар во Египет осудени на по 10 години затвор

Египетскиот суд им изрече казни затвор од по 10 години на 76 противници на воениот удар во Египет со кој беше соборен првиот претседател на Египет избран на слободни и демократски избори Мухамед Мурси

480219
76 противници на воениот удар во Египет осудени на по 10 години затвор

76 противници на воениот удар во Египет со тврдење за учество на незаконски протести и напад на полициска станица беа казнети со по 10 години затвор.

Меѓу осудените се наоѓа и членот на управниот одбор на Партијата за слобода и правда Ферид Исмаил кој од мај минатата година се наоѓаше во затворот Акреб и и покрај тоа што боледуваше од дијабетис и Хепатит Ц не му беше дозволено да се лекува по што го загуби животот.

По воениот удар против првиот претседател на Египет избран на слободни и демократски избори Мухамед Мурси на голем број противници на воениот удар и на припадници на Организацијата Муслимански браќа (Ихван) им се суди за обвинувања како што се планирање на терористички настани и замешаност во насилства.



Слични вести