Писмо од 83-јца сенатори до Обама за продолжување на договорот за воена помош на Израел

Во писмото напишано од страна на 83-јца од 100-те сенатори се бара договорот да биде потпишан од страна на претседателот Обама на тој начин што воената помош за Израел да биде зголемена за 3,1 милијарда долари годишно

479420
Писмо од 83-јца сенатори до Обама за продолжување на договорот за воена помош на Израел

Американските сенатори напишаа заедничко писмо до претседателот Барак Обама во кое упатија повик за проодлжување на договорот за безбедноста на Израел кој што истекува во 2018 година.

Во заедничкото писмо напишано од страна на 83-јца од 100-те сенатори се бара договорот да биде потпишан од страна на претседателот Обама на тој начин што воената помош за Израел да биде зголемена за 3,1 милијарда долари годишно.

Сенаторите во писмото нагласуваат дека Израел има потреба од поддршката на САД и се вели следното: „Во период кога се зголемуваат потребите на Израел по прашањето на одбраната Израел има потреба од нашата силна поддршка за воспоставување на својата одбрана.“ 

Претендентот за кандидат на Демократската партија сенаторот од Вермонт Берни Сандерс не го стави својот потпис на писмото, додека претендентот за кандидат на Републиканската партија сенаторот од Тексас Тед Круз го потпиша писмото.



Слични вести