Во американскиот град Балтимор се одржуваат демонстрации

Демонстрантите реагираа и против неинвестирањето во населбите со ниски приходи

478470
Во американскиот град Балтимор се одржуваат демонстрации

По повод годишнината од смртта на црнецот Фреди Греј кој загина како последица на насилството на полицијата, во американскиот град Балтимор се одржуваат демонстрации.

Стотици американски граѓани кои излегоа на улиците, демонстрираа против насилството на полицијата.

На протестите учествуваа и лидерите на невладините организации од други краишта и демонстранти.

Демонстрантите на демонстрациите го изнесоа и бранеа ставот дека од смртта на Греј нема никакви промени и дека и натаму се изложени на насилствата на полицијата во секојдневниот живот.

Демонстрантите реагираа и против неинвестирањето во населбите со ниски приходи.

Имено црнецот Фреди Греј кој лани од страна на полицијата беше приведен поради поседување чакија, беше повреден во рбетниот мозок и почина во болницата каде што беше пренесен на лекување.

По смртта на Греј во низа градови во САД беа одржани голем број протести и демонстрации кои не можеа да се спречат од страна на полицијата, поради што интервенираше дури војската.

Шестте полицајци кои го приведоа младиот црнец беа сменети од должноста.



Слични вести