Протести во Гиза против припојувањето на островите Тиран и Санафир кон Саудиска Арабија

Договорот освен реакциите на опозицијата исто така ги предизвика реакциите на некои групи

478413
Протести во Гиза против припојувањето на островите Тиран и Санафир кон Саудиска Арабија

Десетици лица во египетскиот град Гиза одржаа протести против припојувањето на островите Тиран и Санафир кон Саудиска Арабија.

Безбедносните сили врз демонстрантите интервенираа со солзавец.

Голем број демонстранти беа притворени.

Во рамките на последната посета на саудискиот крал Селман Бин Абдулазиз на Каиро, со договорот за новите поморски граници, Египет  островите Тиран и Санафир во Црвеното море им ги препушти на Саудиска Арабија.

Договорот освен реакциите на опозицијата исто така ги предизвика реакциите на некои групи, додека египетската влада објави 9 документи според кои островите припаѓаат на Саудиска Арабија.



Слични вести