Средба на Обама и Меркел во Хановер

Американскиот претседател Барак Обама и германската канцеларка Ангела Меркел заедно ќе го отворат Саемот за индустриски технологии во Хановер чиј земја-партнер се САД

477265
Средба на Обама и Меркел во Хановер

Американскиот претседател Барак Обама во рамките на својата официјална посета на Германија се состана со германската канцеларка Ангела Меркел.

Главната точка на дневниот ред на Обама кој по изборот за претседател на САД ја остварува својата петта посета на Германија ќе ја сочинува економијата.

Обама и Меркел заедно ќе го отворат  Саемот за индустриски технологии во Хановер чиј земја-партнер оваа година се САД.

Двајцата лидер ќе ги прошетат и штандовите на саемот, а ќе се состанат и со американските и германските бизнисмени.

Американскиот претседател Барак Обама во рамките на својата посета на Германија заедно и со домаќинката канцеларката Ангела Меркел ќе оствари петорна средба на која ќе учествуваат и францускиот претседател Франсоа Оланд, британскиот премиер Дејвид Камерон и италијанскиот премиер Матео Рензи.



Слични вести