Јеменската армија го зазеде градот Мукала од рацете на Ал Каеда

Јеменската армија со поддршка и на коалиционите сили предводени од Саудиска Арабија го зазеде градот Мукала кој се наоѓаше во рацете на терористичката организација Ал Каида

477297
Јеменската армија го зазеде градот Мукала од рацете на Ал Каеда

Јеменската армија го зазеде градот Мукала од рацете на терористичката организација Ал Каида.

Во Јемен со сиот интензитет продолжуваат операциите против терористичките групи како што се ДЕАШ и Ал Каеда на кои не се однесува прогласениот прекин на огнот помеѓу завојуваните страни.

Во центарот на последната реализирана операција беше градот Мукала со население од 20 илјади жители кој што се наоѓаше во рацете на терористичката организација Ал Каеда.

Јеменската армија поддржана и од коалиционите сили предводени од Саудиска Арабија го зазеде овој град.

Од друга страна со секој поминат ден станува се потежок и цехот на граѓанската војна во Јемен.

Така поради војната во оваа земја која продолжува повеќе од една година досега животот го загубија приближно 1,5 милиони лица.



Слични вести