Во воздушен напад на сириски воен авион на пазар во Алепо загинаа 10 лица

Во реализиран воздушен напад од страна на сириски воен авион на пазар на квартот Сахур во градот Алепо животот го загубија 10 лица, а 30 лица беа повредени

477258
Во воздушен напад на сириски воен авион на пазар во Алепо загинаа 10 лица

Во реализираниот воздушен напад од страна на воен авион на сириската армија на пазарот во квартот Сахур во градот Алепо под контрола на противниците на режимот животот го загубија 10 лица, а 30 лица беа повредени.

Воен авион на сириската армија реализира напад на пазарот во квартот Сахур во источниот дел на Алепо под контрола на опозиционерите.

Како што се истакнува во бомбардирањето животот го загубиле 10 цивили повеќето жени и деца, а 30 лица биле повредени кои со амбулантни возила биле префрлени во околните полски болници.

надлежни истакнуваат дека на местото на нападот била причинета голема материјална штета, додека сириски воени авиони реализирале напади и на различни области на градот Алепо.

Во вчерашниот реализиран воздушен напад од страна на руски воен авион на квартот Тарик Ел-Баб во градот Алепо животот го загубија 12 лица, а 22 лица беа повредени.



Слични вести