Северна Кореја тестираше балистичка ракета истрелана од подморница

Властите во Пјонгјанг кои со тестирањата на ракети кои што ги реализираат во последно време ја зголемуваат затегнатоста овојпат тестираа балистичка ракета истрелана од подморница

477025
Северна Кореја тестираше балистичка ракета истрелана од подморница

Северна Кореја реализира тестирање на уште една ракета...

Властите во Пјонгјанг кои со тестирањата на ракети кои што ги реализираат во последно време ја зголемуваат затегнатоста овојпат реализираа тестирање на ракета истрелана од подморница.

Севернокорејските власти истакнаа дека тестирањето на реката било реализирано успешно и дека уште повеќе е зголемен нуклеарниот капацитет на земјата.

Јужна Кореја премина во аларм пред можноста од тестирање на нова ракета од страна на Северна Кореја додека голем број земји покажаа остра реакција на овие ракетни тестирања.

САД подвлекоа дека овие тестирања на севернокорејските власти значат прекршување на резолуциите на Советот за безбедност на ОН.

Франција упати повик до ЕУ за спроведување на дополнителни санкции против Северна Кореја.

Во меѓувреме Северна Кореја истакна дека санкциите нема да ја заплашат и дека ќе продолжат со тестирањата на балистички ракети кои можат да носат нуклеарни боеви глави.



Слични вести