Протести во германскиот град Хановер пред посетата на Обама

Приближно 30 илјади демонстранти кои се собраа во градот Хановер ги изнесоаа своите реакции против договорот за Трансатлантско трговско и инвестициско партнерство (ТТИП) за кој што продолжува да се преговара меѓу САД и ЕУ

476888
Протести во германскиот град Хановер пред посетата на Обама

Пред посетата на американскиот претседател Барак Обама  на Германија беа одржани протести против договорот за Трансатлантско трговско и инвестициско партнерство (ТТИП) за кој што продолжува да се преговара меѓу САД и ЕУ.

Приближно 30 илјади демонстранти кои се собраа во градот Хановер ги изнесоаа своите реакции против договорот.

Демонстрантите застанаа во одбрана на тоа дека договорот за Трансатлантско трговско и инвестициско партнерство (ТТИП) за кој што продолжува да се преговара меѓу САД и ЕУ ќе стане причина за намалување на платите и за ослабување на правата на вработените и мерките за заштита на животната средина. 

Демонстрантите исто така се го изнесоа своето противење и на водењето на преговорите во врска со договорот во тајност.

Договорот за Трансатлантско трговско и инвестициско партнерство (ТТИП) за кој што продолжува да се преговара меѓу САД и ЕУ има за цел намалување на царинските даночни стапки и укинување на бариерите на некои трговски регулативи.

Новата рунда од преговорите во врска со договорот кои што траат веќе 3 години ќе започнат утре (понеделник) во Њујорк во САД.

Американскиот претседател Барак Обама истакнува дека договорот ќе обезбеди можност за вработување на милиони лица и намалување на царинските даночни стапки и зајакнување на трговијата.

Барак Обама по посетата на Англија ќе отпатува во посета на Хановер каде што во градот Хановер  ќе учествува на свеченото отворање на еден трговски саем.



Слични вести