Бројот на жртвите во двата силни земјотреси во Еквадор се зголеми на 654 лица

Продолжуваат активностите за пребарување и спасување во Еквадор кој што минатата недела беше погоден од два силни земјотреси во кои бројот на жртвите се зголеми на 654 лица

477166
Бројот на жртвите во двата силни земјотреси во Еквадор се зголеми на 654 лица

Бројот на жртвите во двата големи земјотреси што ја погодија јужноамериканската држава Еквадор во саботата минатата недела се зголеми на 654 лица, а бројот на ранети изнесува 16.601 лице

Продолжуваат активностите за пребарување и спасување.

Од 58 лица кои се водат како исчезнати не можат да се добијат информации.

Еквадорскиот претседател Рафаел Кореа истакна дека двата силни земјотреси претставуваат национална трагедија и дека за загинатите во овие потреси и нивните семејства е прогласена 8 дневна национална жалост во земјата.

Привлекувајќи дека е доживеана едната од најголемите катастрофи во земјата во последните години претседателот Кореа упати повик до граѓаните за единство.

Инаку по силниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што на минатата недела на 16 април во саботата го погоди Еквадор во среда се случи и втор земјотрес.

Американскиот Центар за геолошки истражувања соопшти дека земјотресот со епицентар на 25 километри западно од крајбрежниот град Музине се случил на длабочина од 16 километри под океанот.

Еквадор потоа и во петокот беше погоден од два последователни земјотерси со јачина од 5,8 и 6 степени според Рихтеровата скала. 



Слични вести