Сириските преговори ќе продолжат без опозицијата

Нема да дозволиме да дојде до прекин во преговорите изјави Стефан де Мистура

475951
Сириските преговори ќе продолжат без опозицијата

Специјалниот претставник на ОН за Сирија Стефан де Мистура во изјава за швајцарскиот телевизиски канал РТС рече дека и покрај тоа што високиот комитет за преговори на сириската опозиција одлучи да не учествува на преговорите за иднината на Сирија во Женева, Обединетите нации и понатаму ќе продолжат со преговорите.

Нема да дозволиме да дојде до прекин во преговорите, треба да се обнови прекинот на огнот и да се забрза испраќањето на хуманитарна помош за населението во Сирија. Сметам дека одлуката на сириската опозиција за повлекување од мировните преговори е дипломатски потег. Исто така сметам дека е неопходно за се свика заеднички состанок меѓу копретседателите на Меѓународната група за поддршка на Сирија и САД и Русија со цел интензивирање на мировните преговори ,додаде Мистура.



Слични вести