Во двата земјотреси во Еквадор загинаа 570 лица

Бројот на жртвите во двата силни земјотреси во Еквадор изнесува 570 лица, а неколку илјада лица беа повредени

475688
Во двата земјотреси во Еквадор загинаа 570 лица

Во двата големи земјотреси кои што ја погодија јужноамериканската држава Еквадор во последните 5 дена животот го загубија 570 лица, а неколку илјада лица беа повредени.

По земјотресот најпрвин во саботата со јачина од 7,8 степени, а потоа и по вчерашниот земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала продолжуваат активностите за пребарување и спасување на приближно илјада лица за кои се мисли дека се наоѓаат затрупани под рушевините.

Затворените патишта поради последователните потреси кои што продолжуваат и лизгањето на земјиштето влијаат негативно на активностите.

Во Еквадор од саботата досега се евидентирани повеќе од 550 последователни потреси.

Во двата силни земјотреси приближно 24 илјади лица останаа без своите домови, а 4 илјади лица беа спасени од под рушевините ранети.

Големо број земји меѓу кои се наѓоѓаат и Велика Британија, Ирска, Канада, Колумбија, Куба и Перу му испратија хуманитарна помош на Еквадор.

Фондот на ОН за помош на децата УНИЦЕФ привлече внимание дека од земјотресот биле погодени повеќе од 150 илјади деца.



Слични вести