Од 4 населени места во Сирија кои се наоѓаат под опсада се евакуираат 500 лица

Две од четирите населени места под опсада се под контрола на опозиционерите, а две на режимот

475564
Од 4 населени места во Сирија кои се наоѓаат под опсада се евакуираат 500 лица

Вкупно 500 лица од кои повеќето ранети кои се наоѓаат во 4 населени места под опсада во Сирија се евакуираат под надзор на ОН.

Две од четирите населени места под опсада се под контрола на опозиционерите, а две на режимот.

Во Мадаја во близина на главниот град Дамаск каде што минатата година десетици лица го загубија живото поради глад ОН за евакуирање на ранетите и оние кои имаат потреба од помош беа обезбедени 7 автобуси.

На тој начин од Мадаја и Забадани се евакуирани вкупно 250 лица кои се наоѓаа под опсада на режимот.

На ист начин кај градот Идлиб се евакуираат 250 лица и од населените места Фуаа и Кефраја, а кои се наоѓаат под опсада на сириските опозиционери.

Лицата кои се евакуираат пд населените места лојални на режимот се носат во Латакија, а оние кои се евакуираат од населените места кои се наоѓаат во рацете на опозиционерите се носат во Идлиб.

ОН во овие населени места доставува во исти количини и хуманитарна помош.

Во населените места во Сирија кои што се држат под опсада се претпоставува дека водат борба за живот уште приближно 4 милиони лица.

Во меѓувреме вооружените судири во Сирија се засилуваат на југот на градот Алепо.

И покрај постигнатиот прекин на огнот режимот ги продолжува воздушните напади врз позиците на опозиционерите.



Слични вести