Прв состанок на НАТО и Русија по изминати две години

На одржаниот прв состанок на Советот помеѓу НАТО и Русија по изминати две години не можеа да бидат надминати различностите во ставовите меѓу страните

474926
Прв состанок на НАТО и Русија по изминати две години

Советот на НАТО и Русија се состана за прв пат по изминати две години од анектирањето на Крим од страна на Русија.

Состанокот на ниво на амбасадори траеше подолго еден и пол час од планираното.

Но и покрај тоа на состанокот не можеа да бидат надминати различностите во ставовите меѓу страните.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг по состанокот во штабот на НАТО во Брисел даде изјава за новинарите.

Привлекувајќи внимание дека држењето отворено на политичкиот дијалог помеѓу НАТО и Русија е во полза на сите страни, Столтенберг истакна дека меѓу прашањата за кои се дискутираше на состанокот беа мошне различните погледи на НАТО и Русија.

Столтенберг рече: „До оваа состојба доведе тоа што Русија го направи во Украина. НАТО ги поддржува независноста и територијалниот интегритет на Украина. НАТО не го признава незаконското анектирање на Крим.“

Истакнувајќи дека помеѓу НАТО и Русија постојат длабоки и трајни недоразбирања, Столтенберг напомена дека тоа не е изменето и со првиот одржан состанок на Советот на НАТО и Русија по две години​.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг​ рече: „Помеѓу НАТО и Русија постојат длабоки и трајни недоразбирања. Тоа не е изменето и со денешниот состанок. Сојузниците на НАТО нема да одат на соработка со Русија во практика се додека не се однесува согласно меѓународното право.“

Столтенберг освен тоа напомена дека за намалување на воените ризици постои потреба од комуникација со Русија.



Слични вести