Бројот на жртвите во земјотресот во Еквадор се зголеми на над 400 лица

Продолжуваат активностите за пребарување и спасување во Еквадор кој се сочува со едниот од најсилните земјотреси во својата историја

473429
Бројот на жртвите во земјотресот во Еквадор се зголеми на над 400 лица

Бројот на загинатите во силниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ја погоди јужно-американската држава Еквадор се зголеми на над 400 лица, а приближно 3.000 лица се повредени.

Продолжуваат активностите за пребарување и спасување во Еквадор кој се сочува со едниот од најсилните земјотреси во својата историја.

Еквадорскиот претседател Рафаел Кореа го посети катастрофалното подрачје и се состана со погодените од земјотресот.

Претседателот Кареа му вети на својот народ дека раните од овој голем земјотрес ќе бидат санирани заедно во братство и единство.

Во меѓувреме голем број земји стапија во акција за помош на Еквадор.

Земји како што се Шпанија, Боливија, Куба и Мексико испратија свои екипи за итна помош и здравство.

ОН формираа воздушен коридор за доставување хуманитарна помош, додека ЕУ ќе му достават помош од 1 милион евра на Еквадор за санирање на раните од силниот земјотрес.



Слични вести