Во Јапонија продолжуваат активностите за пребарување и спасување по двата земјотреси

Силните врнежи од дожд кои што почнаа да владеат во погоденото подрачје како и последователните потреси влијааат негативно на работите за пребарување и спасување

472591
Во Јапонија продолжуваат активностите за пребарување и спасување по двата земјотреси

Бројот на загинатите во земјотресите со јачина од 6,5 и 7,3 степени според Рихтеровата скала што ја погодија Јапонија во четвртокот и петокот се зголеми на 41 лице.

По овие два силни земјотреси кои предизвикаа голема штета во подрачјето Кумамото на островот Кјушу продолжуваат активностите за пребарување и спасување на лицата кои останаа затрупани под рушевините.

Во соопштението на јапонската Влада се истакнува дека активностите за пребраување и спасување во кои учествуваат илјадници професионални лица и доброволци се поддржуваат и од воздух од воени авиони испратени од САД.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе истакна дека воените авиони испратени од страна на САД ќе помогнат и во доставување на итна помош на погоденото подрачје.

Силните врнежи од дожд кои што почнаа да владеат во погоденото подрачје како и последователните потреси влијааат негативно на работите за пребарување и спасување.

Метеоролошката агенција соопшти дека во полседните 24 часа биле евидентирани повеќе од 400 последователни потреси.

Поради последователните потреси и народот не може да се врати во своите домови и засега голем број јапонски граѓани спијат во своите возила или во објекти како што се училиште и спортска сала.

Место кое што беше најмногу погодено од земјотресот е Машики каде што животот го загубија 20 лица.

Јапонски функционери истакнуваат дека во двата земјотреси повеќе од илјада домови биле доведени во неупотреблива состојба.

Исто така и јапонското министерство за економија, трговија и индустрија соопшти дека на некаде околу 80 илјади домови во погоденото подрачје се уште не можат да им се достават електрична струја и вода.

Во силниот земјотрес со јачина од 9 степени според Рихтер и во џиновските бранови цинами до кои дојде по потресот на 11 март 2011 година во Јапонија животот го загубија повеќе од 18 илјади лица.



Слични вести